Релативно ладно утро во Македонија, на повеќе места имаше појава на слаб мраз
Денешното утро сабота 28 февруари 2026 во Македонија донесе на повеќе места малку повеќе облачност а температурите беа малку повисоки за разлика од изминатите утрини но сепак и понатаму на повеќе места беа за неколку степени под нулата и имаше појава на слаб мраз. Најладно утрово до 7 часот беше во Прилеп со измерени -3 степени.

Во исто време пак највисока минимална температура од 8 степени беше измерена во Гевгелија.
На табелата која ја објави утрово УХМР можете да ги видите температурите измерени до 7 часот утрово по градови и места во Македонија и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by