Рано утринава имаме релативно студено, но ведро време – Викендов ќе биде со пријатни температури!

Рано утринава во Македонија насекаде времето е ведро, релативно свежо или студено и тивко. Таквото време ќе се задржи и за време на овој викенд, но со тоа што преку ден ќе имаме пријатни температури на воздухот.

Во продолжение на картата можете да ги погледнете температурите измерени рано утринава во Македонија. Може да забележиме дека истите се малку повисоки за разлика од изминатите утрини, кога беше уште постудено.

Максималните дневни температури на воздухот за време на овој викенд во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 24 степени, додека во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени.







Занимливости

  • 24 Мар 2025

    Во изминатите 24 часа речиси насекаде во Македонија имаше врнежи од дожд со променлив интензитет, што значи дека повремено врнежите беа пообилни. Најмногу дожд во последните 24 часта, односно до 7 часот утринава наврнаа во Лазарополе, и тоа 29 литри на метар квадратен дожд. На табелата можете да ги погледнете измерените минимални температури во текот на денешното утро, односно [...]