Рано – летни температури, уживајте во денешниот ден (четврток 1 мај)
Денес (четврток 1 мај) времето во нашата Република Македонија ќе биде сончево и топло со рано – летни температури на воздухот. Во попладневните часови ќе има појава на умерена локална облачност, а можна е и краткотрајна појава на локален дожд со ретки грмежи.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец.
Што се однесува до температурите, тие насекаде кај нас ќе надминуваат 20 степени, додека во Повардарието тие ќе се искачат и до околу 30 степени, секако, вклучувајќи го и Скопскиот регион.
Ви посакувам каде и да сте, со кој и да сте, преубав помин за време на денешниот празник, и искористете го претежно стабилното и сончево време, со сосема мали исклучоци за правење скара на отворено и за уживање во природа.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Сабота 13 Јуни 2026 во Македонија ни донесе претежно ведро и доста свежо време со температури под просекот за месец јуни. На повеќе места во Македонија утрово температурите се спуштија под 10 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија, тоа значи дека ветерот од северен правец краткотрајно се стиши, а повторно повремено засилен ветер од [...]


by