РАНА НЕОФИЦИЈАЛНА МЕТЕО ИНФОРМАЦИЈА: По 10 Април влегуваме во поладен период – Има можност за снег на планините
За тоа дека пред нас е нов топол бран од Африка веќе знаете, и истиот за време на викендот повторно ќе ни донесе летни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.
Сепак, по 10 Април моделите веќе цртаат дека ни следува поладен период, а можно е дури да имаме и потпросечни температури за пролетниот период. Со ова ќе ни следува и дестабилизација на Атмосферата со врнежи, а на планините би можело да се појават и врнежи од снег.
Метео Аларм постојано ќе ја следи состојбата со оваа промена на времето која не очекува по 10 Април, но како што кажав, сеуште се работи за рана и неофицијална метео информација. Понатаму следуваат нови детали околу ова.
Вие почитувани останува да уживате во викендот кој ни доаѓа.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Полека од север кон нашата Македонија пробива влажниот и ладен воздух, кој понатаму ќе условува кај нас врнежи од дожд, снег, северен ветер, како и зголемување и проширување на снежната покривка. На картата можете да ги погледнете измерените температури во овие рани утрински часови низ нашата Република Македонија.