РАНА НАЈАВА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ САМО ЗА МАКЕДОНИЈА: Во вторник ќе не зафати силно невреме!

Покрај регионот, каде се очекува страшно невреме кое може да направи многу штети и да услови поплави, во вторник и во Македонија се очекува на многу места да има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради судирот на две воздушни маси (значително постудената од север, и многу топлата од југ) локално ќе има опасност од појава на големо невреме, проследено со интензивен пороен дожд кој може да услови локални поројни поплави, бурен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на град кој локално би можел да биде и крупен.

И во Скопје во вторник постои опасност од локално невреме.

Токму поради ова апелираме во случај на појава на силно невреме, граѓаните да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја. Што се однесува до температурите, тие ќе започнат да се намалуваат.

На алпите пак ќе има интензивни врнежи од снег каде се очекува формирање на снежна покривка, (понекаде дури од 50 до околу 100 сантиметри). Инаку снежната бајка таму веќе започна и истата ќе се проширува на многу места.

Нова детална анализа околу ова невреме и предупредувања очекувајте во следните објави на нашиот медиум.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!