РАНА МЕТЕО НАЈАВА: Во среда силен јужен и југозападен ветер (над 80 км/час), нов влажен, а од четврток и ладен бран!

Како што и претходно кажав и најавив, овој викенд, како и во почетокот на следната седмица ќе имаме преодна стабилизација на времето. Нов влажен бран територијата на Македонија ќе ја зафати во среда доцна попладне  и во текот на ноќта кон четврток, како и во четврток и истиот ќе донесе пообилни врнежи, кој најпрвин ќе бидат од дожд.

Веќе во четврток поради спуштање на ладен воздух од север, врнежите од дожд ќе преминуваат во снег како на повисоките места и на планините, така и на пониските места, со што особено на повисоките населени места, а на планините ќе дојде до првото поголемо формирање на снежна покривка за оваа сезона. Секако ова важи и за Скијачките центри.

Во среда ќе дува засилен до силен ветер од јужен и од југозападен правец, додека во четврток ветерот ќе го промени правецот во западен и во северозападен. Повремено и локално ветерот ќе достигнува брзина од над 80 км/час. Најпрвин температурите ќе бидат во пораст, особено во почетокот на следната седмица, а од средината на истата поради ладниот бран од север значително ќе опаднат.

Во следните мои метео објави следуваат нови и по потреба обновени метео информации околу оваа нова голема промена на времето која не чека следната седмица.







Занимливости