РАНА МЕТЕО НАЈАВА: Снегот и студот ни доаѓаат многу порано од вообичаеното?!
Најновите излези на прогностичките материјали со кои располагаме, укажуваат на тоа дека зимата би можела да ни пристигне многу порано од вообичаеното оваа година, и тоа веќе кон крајот на овој, и во почетокот на следниот месец (ноември).
Имено, се работи за студен бран кој преку Атлантикот и северна Европа ќе пробие до нашите краишта и драстично ќе ги спушти температурите на воздухот. Во ваква ситуација, снегот би можел да се појави и на помала надморска височина кон крајот на овој, и во почетокот на ноември месец. Не се исклучува можноста да имаме вистинска снежна идила.
НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за подолгорочна метео анализа, промени во истата се можни, па затоа јас ќе информирам за секоја ново- настаната временска состојба, а граѓаните најдобро е да се базираат на моите краткорочни метео анализи, кои се со голема веројатност за остварливост (над 90 %).
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден во Македонија помина во знакот на стабилно, суво, сончево и релативно свежо време. Во утринските часови по котлините имаше појава на магла или ниска облачност, која во текот на денот се расчисти. На табелата можете да ги погледнете денешните максимални температури во Македонија, измерени попладнево до 16 часот, и тоа на мерните станици на УХМР. Можеме да [...]