РАДУВАЈТЕ СЕ: Доаѓа потопло време со пролетни температури на воздухот, кое неофицијално би се задржало и за 1 мај, како и за Велигденските празници
Почитувани, во изминатиот период бевме сведоци на огромна промена на времето која услови обилни врнежи од дожд и снег, како и намалување на температурите дури за повеќе од 20 степени, а во регионот дури и за 30 степени.
За среќа, во деновите кои се пред нас иако наутро ќе биде посвежо, сепак не очекуваме појава на мраз, со исклучок на високите места и планините каде е можна појава на слаб до умерен утрински мраз. Преку ден ќе биде потопло, но повторно очекуваме променливо време со повремени врнежи, кои особено утре на повеќе места ќе бидат и пообилни.
Максималните дневни температури утре како што и наведовме во нашата последна метео анализа ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.
Потоа од среда максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, што значи ќе имаме вистински пролетни температури на воздухот, но како што наведовме погоре, и понатаму во деновите по утрешниот ден ќе имаме услови за повремен локален дожд.
И во Скопје и околината од среда очекуваме потопло време преку ден, па така температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 20 степени.
Барем одсега гледано, поради тоа што нормално сите ние се интересираме какво време не очекува за 1 мај и за Велигденските празници, времето би било пролетно топло и без некои позначителни врнежи и нестабилност на Атмосферата. Детална и конечна анализа околу ова ќе објавиме во следните денови, кога се ќе биде многу појасно.
Може ќе ве интересира
Занимливости
За време на викендот поради продор на постуден воздушен бран, ќе имаме позначително опаѓање на температурите и истите ќе бидат потпросечни за овој период од годината. Исто така, ќе има и зголемена облачност со повремени локални врнежи од дожд. Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени, додека максималните дневни [...]