Променливо време во Македонија, имаше појава и на изолирани врнежи!

Денешниот ден (сабота 16 август) во нашата Република Македонија помина во знакот на многу топло време, но беше променливо облачно со сончеви периоди а повремено засилуваше ветер од североисточен правец. Во попладневните часови имаше изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи.

Максималните дневни температури на воздухот денес речиси насекаде надминуваа 30 степени, со исклучок на повисоките места  и на планините, а во Повардарието температурите надминуваа  и 35 степени. На метеоролошката карта можете да ги видите денешните максимални дневни температури на воздухот измерени во нашата Македонија.







Занимливости