ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ЧЕСТИ ВРНЕЖИ: Дожд, снег и зголемување на снежната покривка на планините и на Скијачките центри!
До средината на следната седмица во Македонија продолжува периодот на многу променливо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините, повремено и на повисоките места особено во западните и во северните предели ќе има врнежи од снег, а на планините, секако и на Скијачките центри снежната покривка ќе се зголемува.
Да напоменам дека снежната граница, во погоре споменатите предели би можела да се спушти до околу или под 1000 метри надморска височина.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
Во Скопскиот регион исто така до средината на следната седмица ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, додека на околните планини повремено ќе врне снег.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 11 степени, додека повремено во централните и во југоисточните предели тие ќе се искачат и до околу 13, 14 степени.
Барем одсега гледано, од средината на следната седмица ни доаѓа нов ладен бран кој позначително ќе ги спушти температурите на воздухот, но многу појасни информации околу ова ќе имам во деновите кои се пред нас.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Како што претходно најавив, пред нас е ладна ноќ, а и утрешното утре (петок 21 март) ќе биде ладно со појава на умерено до јаки мразеви, и со температури кои буквално насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата. Времето ќе биде целосно ведро и без облачност, како и претежно тивко. Н следната метеоролошка карта можете да ги погледнете [...]