Променливо и посвежо и утре, додека за време на викендот ни следува краткотрајна стабилизација на времето и значително повисоки температури
Почитувани мои, променливо, но посвежо време ќе имаме и утре. Ќе има и локална појава на повремен пороен дожд и грмежи, но сепак условите за силно невреме за среќа позначително ќе се намалат. Услови за повремен пороен дожд и поретки грмежи ќе има и во Скопје. Што се однесува до температурите тие утре ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Во Скопје максималната дневна температура утре ќе се искачи до околу 30 степени.
За време на викендот во Македонија ќе имаме краткотрајно стабилизирање на времето, што значи не очекува сончев и топол викенд со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, во Скопје до околу 35 степени.
Од почетокот на следната седмица не очекува нова позначителна дестабилизација на времето и ново невреме, како и позначително опаѓање на температурите.
Може ќе ве интересира
Занимливости
За време на викендот поради продор на постуден воздушен бран, ќе имаме позначително опаѓање на температурите и истите ќе бидат потпросечни за овој период од годината. Исто така, ќе има и зголемена облачност со повремени локални врнежи од дожд. Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени, додека максималните дневни [...]