ПРОЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ВО МАКЕДОНИЈА – СЕ ОЧЕКУВА ЗАБРЗАНО ТОПЕЊЕ НА СНЕГОТ НА ПЛАНИНИТЕ И НА СКИЈАЧКИТЕ ЦЕНТРИ!

Продолжува периодот на стабилно, суво и на претежно сончево но и ПОТОПЛО време со НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ температури на воздухот.

Исклучок ќе биде самиот почеток на следната недела (понеделник) кога ќе има краткотрајно зголемување на облачноста и појава на краткотраен локален дожд.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -3 и 3 степени, додека максималните дневни ќе бидат ПРОЛЕТНИ и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени, особено од утре па за време на викендот. Во недела ќе биде најтопло кога во најтоплите предели темпратурите се очекува да се искачат до цели 20 степени.

Во Скопје и околината продолжува периодот на стабилно, суво и на претежно сончево време. Температурите ќе бидат НАТПРОСЕЧНО високи и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 12 и 16 степени.

Високите температури кој се очекуваат во текот на следните денови ќе условат ЗАБРЗАНО ТОПЕЊЕ на снежната покривка на планините и на Скијачките центри. Можно е зголемување на нивоата на реките и на езерата низ Македонија, особено во западните и во северозападните предели каде на планините има најмногу снег.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!