Продор на посвежа воздушна маса од север за викендот во Македонија!
Под влијание на стабилна, сува и малку посвежа воздушна маса од север и од североисток, за време на викендот (сабота и недела 21/22 јуни) ќе дува повремено засилен ветер од северен правец, а температурите ќе опаднат за 3 до 4 степени во споредба со сегашните.
Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Наутро ќе биде посвежо со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 17 степени, а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, додека во Скопје наутро температурата ќе се спушта до околу 13/14 степени, а максималната температура ќе се искачи до околу 32 степени.
И во Скопје и околината за време на викендот повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by