ПРИРОДНА КАТАСТРОФА ВО СОСЕДНА ГРЦИЈА: Наврнаа 645 литри дожд за само 10 часа, се очекуваат над 1000 литри!
Катастрофални поплави и се случуваат денес на соседна Грција, а засега има еден загинат и еден исчезнат човек во оваа природна катастрофа.
Токму ова е поради моќната циклонската активност во Егејското море, но и поради загреаноста на истото.
Врнежите продолжуваат и оваа ноќ но и утре, а постепено престанување на истите се очекува дури од четврток. До четврток во централниот дел на нашиот јужен сосед се очекува да наврнат дури и над 1000 литри дожд.
На следната табела можете да го погледнете количеството на наврнат воден талог во Грција во текот на денешниот ден:

Овие врнежи се случија за само 10 часа. Катастрофата за жал продолжува и понатаму.
Погледнете како изгледа денес градот Волос во Грција:

Фото: Weather News Greece
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by