Претстојната ноќ во Македонија повторно ладна, утре (петок 21 март) многу потопло!
Пред нас е уште една значително ладна ноќ кога температурите насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата, односно во интервалот од -7 до -1 степен, додека на повисоките планини и Скијачки центри тие очекувам да се спуштат до околу -10 степени. Во Скопје температурата во текот на ноќта која е пред нас ќе се спушти до околу -5 степени.
Времето , како во текот на оваа ноќ, така и утре (петок 21 март) ќе биде во целост стабилно, ведро, сончево и суво. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
И во Скопје и околината времето ќе биде во целост ведро, стабилно, суво а утре (петок 21 март) сончево без никаква облачност.
Што се однесува до температурите утре ( петок 21 март) во текот на денот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени, додека во Скопје таа ќе се искачи до околу 22 степени.
Да напоменам, овие нагли и големи температурни промени, особено негативно се одразуваат врз метеопатите, кај кои се можни значителни здравствени проблеми.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во Македонија имаме ладно време со температури кои во најголем дел се под нулата и има појава на слана и на мраз. Времето е претежно ведро со мала локална облачност а дува и слаб до умерен ветер претежно од источен правец. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени вечерва до 21 часот во Македонија.


by