Претстојната ноќ, како и утре (сабота) претпладне нов бран на обилни врнежи од дожд, снег и зголемување на снежната покривка кај нас!
Во текот на претстојната ноќ, како и утре (сабота) во претпладневните часови од запад и југозапад над Македонија ќе помине поголем влажен воздушен бран кој ќе донесе нови пообилни врнежи од дожд, додека на планините, а во западните и во северните предели и на повисоките места (до околу 1000 метри надморска височина) ќе има врнежи од снег, па така на планините и на Скијачките центри постоечката снежна покривка ќе се зголеми.
Можно е во погоре споменатите предели, иу тоа поради продор на поладен воздух од север, снежната граница да се спушти и под 1000 метри надморска височина, со што услови за врнежи од снег ќе има и во повисоките населени места.
Во Скопскиот регион исто така со овој бран ќе има повремено пообилни врнежи од дожд, додека на околните планини ќе врне снег.
За време на овој влажен бран локално ќе наврне позначително количество на воден талог ( над 20 литри на метар квадратен)
Ќе дува јужен и југоисточен ветер кој утре (сабота) попладне ќе го промени својот правец во северн, и истиот повремено ќе биде засилен на интензитет.
По овој бран следува краткотраен прекин на врнежите, за во недела ноќта кон понеделник повторно да имаме нови врнежи од дожд и снег на планините и на Скијачките центри, како и повторно зголемување на снежната покривка.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија беше исклучително ладно, па така до 7 часот утринава најладно беше во Берово со измерени -9 степени, а највисока минимална температура во исто време беше измерено во Охрид, и тоа 1 степен над нулата и тоа поради облачноста која се задржа во овој дел од Македонија. Во продолжение на табелата можете да ги погледнете и [...]