Претпладнево во Македонија имаме облачно, тмурно и не многу ладно време – Речиси насекаде имаме позитивни температури!
Денешното претпладне во нашата Република Македонија ни носи претежно облачно и тмурно време, претежно е тивко и со појава на магла во дел од котлините, а локално проврнува слаб дожд, додека во повисоките населени места и на плаините провејува снег.

На табелата можете да ги погледнете денешните температури измерени утринава до 7 часот по градови и места низ Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.
Инаку, снежната покривка утринава до 7 часот изнесуваше 30 сантиметри на Попова Шапка, 3 во Маврово и 2 сантиметри снежна покривка до утринава се формираше во Берово, каде имаше слаби врнежи од снег.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by