Претпладнево во Македонија имаме многу сонце и топлина, но не за долго!

Денешното претпладне во нашата Република Македонија (понеделник 21 април) ни донесе претежно стабилно и топло време, пред големата промена на времето и честите и обилни врнежи кои ги најавив и кои веќе ќе започнат уште од денешното попладне.

На Метеоролошката карта може да се види дека претпладнево е најтопло во Скопје Петровец со измерени 24 степени. Во Охрид засега температурата е најниска  и изнесува 18 степени.







Занимливости