Претпладнево имаме густа магла по котлините, бидете крајно внимателни како управувате со своите возила!
Претпладнево по котлините имаме појава на магла, која понекаде е и многу густа, па токму поради ова апелирам граѓаните да бидат крајно внимателни како управуваат со своите возила. Најниска температура до 10 часот е измерена во Битола, и тоа само 3 степени, додека највисока во исто време е измерена во Гевгелија, и тоа 12 степени.
На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени по градови и места во Македонија до 10 часот претпладнево, и тоа на мерните станици на УХМР.
Инаку до крајот на оваа работна недела ќе продолжи периодот со појава на магла по котлините, и истата ќе биде најизразена во ноќните и во претпладневните часови, а токму во местата со магла и со ниска облачност температурата во текот на денот ќе остане и пониска.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија беше исклучително ладно, па така до 7 часот утринава најладно беше во Берово со измерени -9 степени, а највисока минимална температура во исто време беше измерено во Охрид, и тоа 1 степен над нулата и тоа поради облачноста која се задржа во овој дел од Македонија. Во продолжение на табелата можете да ги погледнете и [...]