Претежно облачно и ладно утро во Македонија: Измерена е најниска минимална температура од -4 степени
Денешното утро донесе релативно ладно време на повеќе места низ Македонија, најладно утринава до 7 часот беше во Берово со измерењни -4 степени, додека највисока минимална температура во исто време е зимерена во Виница, и тоа 4 степени.
Инаку, времето е претежно облачно во Македонија, а е и претежно тивко без ветер, а во делови од Македонија има и појава на магла и на ниска облачност, особено по котлините.
На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени по градови и места низ Македонија ова утро до 7 часот, и тоа на мерните станици на УХМР.
Снежната покривка пак изнесува 32 сантиметри на Попова Шапка и 15 сантиметри во Маврово, што значи дека истата е значително намалена поради натпросечно високите температури кои ги имавме во изминатиот период во Македонија, и тоа особено на повисоки места, планините и на Скијачките центри.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Полека од север кон нашата Македонија пробива влажниот и ладен воздух, кој понатаму ќе условува кај нас врнежи од дожд, снег, северен ветер, како и зголемување и проширување на снежната покривка. На картата можете да ги погледнете измерените температури во овие рани утрински часови низ нашата Република Македонија.