ПРЕКУ ДЕН ПРОЛЕТ – НО НОВ СТУДЕН И ВЛАЖЕН БРАН НИ НОСИ ДОЖД И СНЕГ ОД СРЕДА!

објавено на:

13 Мар 2023

од:

сподели:

Денес и утре во Македонија следува стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Во текот на утрешниот ден ќе започне да дува јужен и југоисточен ветер и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Температурите преку ден ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОВИСОКИ и ПРОЛЕТНИ и речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи и над 15 степени.

Нов бран на врнежи од запад ќе има во среда и истите ќе бидат од дожд, додека на планините ќе врне снег а кон крајот на денот  и вечерта провејување на снег се очекува и на надморска височина од околу, локално и под 1000 метри.

Во четврток ќе дува ЗАСИЛЕН, повремено СИЛЕН ветер од северен правец кој ќе биде најизразен Долж Повардарието.Температурите во четврток повторно ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат и ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Во Скопје и околината очекуваме слично време. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 12 и 15 степени. Во среда ќе има нови врнежи од дожд, додекаа во четврток ќе дува ЗАСИЛЕН северен ветер и температурата ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе се намали.

НАПОМЕНА: Од ноќта среда према четврток територијата на Македонија ќе биде под влијание на нов СТУДЕН бран од север. Биометеоролошките услови овие денови ќе бидат релативно НЕПОВОЛНИ, па така кај метеопатите се можни ЗНАЧИТЕЛНИ здравствени проблеми. Истите се советуваат да го посетат својот матичен лекар за совет, но и да ја земаат редовната терапија која им е препишана од истиот.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости

  • 24 Мар 2025

    Во изминатите 24 часа речиси насекаде во Македонија имаше врнежи од дожд со променлив интензитет, што значи дека повремено врнежите беа пообилни. Најмногу дожд во последните 24 часта, односно до 7 часот утринава наврнаа во Лазарополе, и тоа 29 литри на метар квадратен дожд. На табелата можете да ги погледнете измерените минимални температури во текот на денешното утро, односно [...]