ПРЕКРАСНИ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ: Од овој викенд се враќа летото кај нас и во целиот регион!
Од овој викенд во Македонија, но и во целиот регион, а особено важно за соседна Грција за сите што планирате одмор токму во оваа наша соседна држава, се враќа летото и сонцето, што значи дека ќе бидеме под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, но сепак утрата ќе бидат свежи.
Стабилното, суво, сончево и топло време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени, додека особено во Малешевијата температурата ќе се спушта и под 10 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени, што значи дека ќе бидат натпросечно високи.
Натпросечно топло ќе биде во целиот регион.
Во Скопје и околината следува период на стабилно, суво и топло време преку денот, додека наутро ќе биде релативно свежо со минимална температура која ќе се спушта во интервалот помеѓу 14 и 15 степени, додека максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 29 и 30 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во нашата Република Македонија имаме многу ладно и променливо облачно време, а полека започнува да дува и засилен ветер од северен правец. Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од североисток, поточно од Русија, температурите понатаму ќе продолжат дополнително да опаѓаат. На табелата можете да ги погледнете температурите низ Македонија измерени вечерва до 19 часот по градови и [...]