ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕН РИЗИК ОД ПОЈАВА НА ПОСИЛНО НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Заедно со топлиот бран од Африка, можна е појава и на крупен град
Пред само неколку денови бевме сведоци на појава на силно невреме во Скопско и Кумановско, а особено во Кумановско крупниот град направи и многу штети, оштетени беа дури и цели автомобили а обилните врнежи предизвикаа и поројни поплавувања.
Сега постои ризик од ново такво невреме, и тоа за време на викендот, како и во текот на следната недела кога ќе бидеме под влијание на значително потопла воздушна маса на воздухот и тоа со потекло од Африка. Мора да напоменеме дека оваа топла воздушна маса ќе услови натпросечно високи температури на воздухот кој ќе бидат навистина летни и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.
За време на овој период во најтоплите централни и југоисточни предели можно е локално температурите да надминат и 35 степени.
Од друга страна пак, ќе бидеме под влијание на циклонска активност од запад и северозапад на европа и токму ова ќе одржува нестабилна атмосфера кај нас, па така во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на посилно невреме кое може да направи нови штети, особено поради појава на силен ветер и крупен град. Не се исклучува можноста и за локални поројни поплавувања.
И во Скопскиот регион постои можност за нестабилност во попладневните часови и за локално невреме во следниот период, односно за време на овој топол бран за време на викендот и во текот на следната недела.
Апелираме на крајна внимателност во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Невреме ќе го зафати и регионот и ќе услови обилни врнежи и локални поплави во следните денови. Поради присуство на ладен воздух во центарот на овој циклон и на висина, во Алпскиот регион ќе има и врнежи од снег на самиот почеток од јуни.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во текот на оваа ноќ и утре (Вторник 11 ноември) во претпладневните часови на повеќе места во нашата Македонија продолжуваат врнежите од дожд а исто така од север ќе продре поладен воздух проследен со северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет. Поради падот на температурите на високите планински места (над 2000 метри надморска височина) ќе има провејување [...]


by