ПРЕДУПРЕДУВАЧКА МЕТЕО АНАЛИЗА: Ново страшно невреме доаѓа на Балканот, но овој пат истото ќе ја зафати и Македонија!
Од вечерва, па за време на викендот, Џеновски циклон ќе донесе снег во Алспкиот регион и страшно невреме на Балканот, но овој пат невремето нема да ја одмине нашата држава, односно невремето ќе ја зафати и нашата Македонија.
Од ова страшно невреме од вечерва , а особено од утре па за време на викендот на многу места во целиот регион се очекуваат интензивни врнежи од дожд, поројни поплави, силни грмежи, бурен ветер, како и појава на град, кој локално би можел да биде и крупен. Од невремето ќе биде зафатен и Јадранот.
Да напоменеме дека повторно постои опасност од појава на торнадо.
Ова невреме кај нас ќе пристигне во сабота попладне и во вечерните часови и на повеќе места ќе услови интензивен пороен дожд, силни грмежи, бурен ветер, како и појава на град , кој локално би можел да биде крупен.
Поради очекуваното силно невреме, препорачуваме граѓаните да бидат крајно внимателни.
Од недела очекуваме и позначителен пад на температурите (за околу 10 степени, понекаде и тоа особено во северните предели и за повеќе од 10 степени). Сето ова ќе биде поради продорот на значително посвеж воздух од север, а ќе дува и засилен ветер од северен правец.
НАПОМЕНА: За време на овој бран на врнежи и на невреме, локално ќе наврне значително количество на воден талог за релативно кратко време (над 25 л/м2). Постои опасност од локални поројни поплави! Во регионот локално ќе наврнат дури и повеќе од 80 л/м2 воден талог.
Инаку опасноста од поплави и од чести врнежи, како и од временски непогоди ќе ја има се до крајот на ова лето, но и во есенските месеци. Можни се нови Суперќелиски облаци и временски непогоди.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Територијата на Македонија во изминатите 24 часа до 8 часот утрово 22 април 2026 среда се наоѓаше под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север и истиот услови над нашиот дел од Европскиот Континент да се формираат големи влажни воздушни кои насекаде условија да имаме врнежи од дожд повремено обилни особено и најобилни врнежите беа во [...]

by