ПРЕД СТУДЕНИОТ ЦИКЛОН: Пријатни температури имаме ова претпладне, така ќе биде и во текот на денов
Пријатни температури имаме ова претпладне, што значи дека немаме многу студено време низ Македонија. Времето е сончево со појава на умерена локална облачност.

На картата можете да ги погледнете температурите низ Македонија ова претпладне.
До крајот на денов времето останува без поголеми промени, а зголемување на облачноста ни следува од претстојната ноќ према утринските часови, и тоа ќе биде најава за приближување на ладниот циклон кој ќе ни донесе многу дожд, снег и голема снежна покривка.
Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени, додека во Скопје исто така максималната температура денес ќе се искачи до околу 16 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (Сабота 15 ноември) во нашата Република Македонија помина во знакот на натпросечно топло време за овој период од годината и со стабилно, суво и претежно сончево време со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Нашата Македонија е под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој од југ и југозапад продира кон нашиот дел од [...]


by