ПРЕД НАС НАЈДОЛГИОТ И НАЈИЗРАЗЕНИОТ ТОПЛОТЕН БРАН ОВА ЛЕТО: Температури и над 40 степени, во најтоплите предели можни се температури дури и до 45 степени

Почитувани мои, територијата на Македонија, но и ние како граѓани во неа до крајот на оваа, како и во текот на следната седмица ќе се соочиме со најдолгиот и по се изгледа најизразениот топлотен бран ова лето. Температурите кои ги очекуваме ќе бидат навистина екстремно високи, па така тие во најголем дел од нашата Македонија ќе се искачат до околу, па  и над 35 степени.

Во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи и над 40 степени, локално дури и во интервалот помеѓу 43 и 45 степени.

Ув индексот ќе има многу висока, до екстремно висока вредност 9, па токму поради ова апелираме граѓаните да не излегуваат кога е најтопло, односно во периодот од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.

Во Скопската котлина во следните денови температурата ќе се движи во интервалот помеѓу 39 и 41 степен. Секако во поголем дел од државава очекуваме  и тропски ноќи, односно температурите во ноќните  и во раните утрински часови нема да се спуштаат под 20 степени.

Локално во попладневните часови е можна и појава на изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во четврток кога е можна  и појава на краткотрајно локално невреме.







Занимливости