Пред нас нагли временски промени, многу потопло па поголемо освежување!
Под влијание на топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во периодот од (среда 20 август) па до (петок 22 август) времето во нашата Македонија ќе биде значително потопло и претежно сончево со појава на мала локална облачност. Што се однесува до температурите, тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели температурите ќе надминуваат и 35 степени, односно во овие предели тие локално ќе се искачат до околу 38 степени.
Во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе биде стабилно, сончево и значително потопло со температура која ќе се искачува до околу 36/37 степени.
Во петок (22 август) ќе дува засилен ветер од западен и од југозападен правец кој ќе биде најава за нова поголема промена на времето за време на викендот (сабота и недела 23/24 август) кога ќе има локални врнежи од дожд и значително освежување на времето, односно продор на значително посвежа воздушна маса од север и истата ќе услови да дува повремено засилен ветер од северен правец, најизразен во Повардарието.
Детална метео анализа околу оваа промена на времето која ни следува за време на викендот, следува во следните мои метео објави.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден понеделник 16-ти март 2026 во Македонија помина во знакот на вистинско пролетно сончево и релативно топло време со релативно пролетни температури на воздухот. Имаше и појава на мала до умерена локална облачност а дуваше и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Најтопло со 19 степени до 16 часот попладнево беше на Скопје Петровец. На табелата која [...]


by