ПРЕД ДА НЕ ЗАФАТИ ЛАДНИОТ БРАН: Регионот под снег и мраз, а кај нас ветерот прави хаос, корне дрвја и носи кровови!
Попладнево во Македонија на повеќе места дува силен ветер, над 60/70 км/час. Особено во Битола истиот носи кровови, а има и паднати дрвја.
Пред да не зафати ладниот бран оваа ноќ, попладнево во Македонија имавме речиси пролетни температури на неколку места, а најтопло беше во Битола со измерени дури 19 степени.
Од друга страна пак, речиси целиот регион е под снежна покривка, што значи дека ладниот бран е се поблиску до нас, и во следните часови ќе започне да ја зафаќа нашата Македонија.
На повеќе места во регионот има минусни температури и појава на голомразица.
Во продолжение потсетете се на она што не чека од времето оваа ноќ
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во овие попладневни часови во нашата Република Македонија имаме појава на умерена облачност, а понатаму во следните часови ќе има и локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Инаку, температурите и не се воопшто високи како што доликува за овој период од годината, напротив, тие и понатаму се потпросечни за овој период од годината. На метеоролошката карта [...]