Православна нова година (Василица) ја дочекавме со многу студено и снежно време во Македонија – Измерена е најниска температура од -10 степени!
Утрово насекаде во Македонија имавме минусни температури и претежно облачно време.Најстудено утринава до 7 часот беше на Попова Шапка каде се измерени -10 степени. Од градовите најниска температура до 7 часот утрово е измерена во Крушево, и тоа -7 степени, а највисока минимална температура е измерена во Гевгелија, и тоа 2 степени.
На табелата можете да ги погледнете и останатите температури, но и измерената снежна покривка до 7 часот утринава по градови и места низ Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.
Да напоменам дека на планините и на скијчаките центри снежната покривка е со висина од околу, па и над 60 сантиметри.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]