ПОЗНАТИОТ СРПСКИ МЕТЕОРОЛОГ НЕДЕЉКО ТОДОРОВИЌ ОТКРИВА: Ова лето нема да биде екстремно топло, додека наредните лета ќе бидат по свежи
Српскиот метеоролог Недељко Тодоровиќ ги претстави своите прогнози за претстојното лето по екстремно топлите февруари и март. Тодоровиќ истакна дека овие температури кои се забележани на почетокот на пролетта се невообичаено високи за овој период од годината, дури 12-13 степени над просекот. Тој истакна и дека зимите во последните години се различни во однос на претходните децении и дека се забележани благи зими без традиционалните минуси и снег.
Непредвидливи временски услови
Тодоровиќ истакна дека временските услови не се строго дефинирани и дека различните обрасци се повторуваат низ децениите. Тој потсети на периодот од седумдесетите кога се бележат топли зими, додека летата беа посвежи, додека осумдесеттите донесоа период на потопли лета. Тој истакна и дека летата со обилни дождови и врнежи, како летото 2014 година, се вообичаени на секои 5-6 години.
Прогнози за април и летото
Што се однесува до претстојното лето, Тодоровиќ предвиде дека летото ќе биде малку потопло гледајќи 100 години наназад, но помалку топло во споредба со претходните 30 години.
Што се однесува пак, до тековниот месец април, прогнозите укажуваат на натпросечно топол месец со малку врнежи, со можност за снег на планините кон средината на месецот. Имајќи го предвид сето горенаведено, во наредните децении се очекува дека т.н „посвежи лета“ ќе стануваат малку почести отколку во претходните 30 години, кога доминираа екстремните температури и сушните периоди.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во нашата Република Македонија имаме многу ладно и променливо облачно време, а полека започнува да дува и засилен ветер од северен правец. Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од североисток, поточно од Русија, температурите понатаму ќе продолжат дополнително да опаѓаат. На табелата можете да ги погледнете температурите низ Македонија измерени вечерва до 19 часот по градови и [...]