ПОЗАДИ НАС УШТЕ ЕДЕН ВИСТИНСКИ ЛЕТЕН И МНОГУ ТОПОЛ ДЕН: Измерени 34 степени во Македонија, температурите и во следните денови ќе растат
Позади нас е уште еден многу топол и вистински летен ден, исполнет со многу сонце. Најтопло денес беше во Велес, Кавадарци, Демир Капија, Струмица и Гевгелија каде се измерени 34 степени, додека во Скопје се измерени 32 степени.
На следната табела можете да ги погледнете и температурите на другите места низ Македонија измерени денес во 17 часот, и тоа на мерните станици на (УХМР)

Од петок до вторник очекуваме уште потопло време кога температурите во Македонија речиси насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие локално ќе достигнат и до околу 40 степени, а во Скопје до околу 35 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија Понеделник 18 Мај 2026 донесе ведро и свежо време со умерена локална облачност. Температурите насекаде беа под просекот за месец Мај. Најсвежо ова утро со 2 степени беше на Попова Шапка а пак највисока минимална температура од 14 степени ова утро беше измерена во Гевгелија. На табелата која утрово ја објави УХМР можете да [...]


by