ПОЗАДИ НАС ТОПОЛ ДЕН: Измерена е максимална температура во Македонија од 38 степени
Денешниот ден во Македонија може да се каже дека беше многу топол, но далеку од екстремно топло како минатиот топлотен бран. Највисока температура во 17 часот попладнево е измерена во Велес, и тоа 38 степени. Најниска максимална температура денес е измерена во Крушево, и тоа 27 степени.
Во продолжение на табелата погледнете ги и останатите температури измерени денес во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР
Пред нас исто така е многу топол викенд, но без екстремно високи температури, кои ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро (Велика сабота 19 април) во Македонија ни донесе сончево време со релативно високи температури на воздухот, а такво време не очекува целиот овој празничен викенд. На табелата можете да ги погледнете денешните минимални температури измерени по градови и места во нашата Република Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.