Повторно многу дожд наврна во Македонија, нови 42 л/м2 дожд!
Во изминатите 48 часа, и тоа поради влијанието на циклонската активност со центар над Јонското море, во Македонија речиси насекаде се регистрирани нови врнежи од дожд кои најобилни беа во источните и во југоисточните предели. Најмногу дожд во изминатите 48 часа има наврнато во Гевгелија, и тоа дури нови 42 литри на метар квадратен воден талог.

Најмалку врнежи во изминатите 48 часа имаше во крајните западни и југозападни предели. На Метеоролошката карта можете да го погледнете наврнатото количество на врнежи во линтри на метар квадратен во Македонија, и тоа во изминатите 48 часа.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во текот на оваа ноќ и утре (Вторник 11 ноември) во претпладневните часови на повеќе места во нашата Македонија продолжуваат врнежите од дожд а исто така од север ќе продре поладен воздух проследен со северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет. Поради падот на температурите на високите планински места (над 2000 метри надморска височина) ќе има провејување [...]


by