ПОВЕЌЕ СОНЦЕ ПРЕТПЛАДНЕ – НЕСТАБИЛНО ПОПЛАДНЕ, А ВО ПОЧЕТОКОТ ОД СЛЕДНАТА СЕДМИЦА И МОЖНОСТ ЗА НЕВРЕМЕ!
До крајот на оваа недела во претпладневнит часови во Македонија ќе има повеќе сончеви периоди, додека од пладневните часови времето ќе биде променливо облачно и со појава на локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Во Скопје исто така во претпладневните часови ќе има повеќе сончеви периоди а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладневните часови времето ќе биде малку пооблачно и ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд.
Температурите и во следните денови ќе бидат ПРОЛЕТНИ и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 15 23, 24 степени.
На почетокот од следната седмица пак и тоа под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, на повеќе места низ Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на суградица и на град.
Сепак и покрај ова температурите остануваат ПРОЛЕТНИ.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by