Потопло утро во Македонија, денешниот ден носи максимални 28 степени

Денешното утро Вторник 5 Мај 2026 во Македонија донесе ведро време насекаде  и значително повисоки минимални температури на воздухот кои насекаде се над нулата па така ова утро во Македонија немаме појава на утрински мразеви и на слана. Претежно е тивко и без некој изразен ветер.

На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова утро во Македонија.

Денешниот ден пак ќе биде сончев се до попладневните часови кога од запад полека облачноста ќе ни се зголемува а ќе дува  и слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите денес во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени.

Во Скопје  и околината максималмната дневна температура на воздухот денес ќе се искачи до околу 27 степени.







Занимливости