Посвеж ден е позади нас: Погледнете ги денешните максимални температури измерени во Македонија
УХМР попладнево до 17 часот ги измери и максималните дневни температури на воздухот за денешниот ден, па така до 17 часот најтопло беше во Гевгелија со измерени 25 степени. Најсвежо од градовите беше како и вообичаено во Крушево со измерена температура од 14 степени.

На табелата можете да ги погледнете и останатите максимални дневни температури на воздухот по градови и места во Македонија до 17 часот попладнево, и тоа на мерните станици на УХМР.
Да напоменам дека денешниот саботен ден помина во знакот на стабилно, суво и на претежно сончево време, со појава на мала до умерена локална облачност. Особено Долж Повардарието како што и најавив беше ветровито, односно повремено дуваше засилен ветер од северен правец.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Сабота 9 Мај 2026 во Македонија ни донесе претежно облачно време со релативно висдоки утрински температури и без некој изразен ветер. Особено во западните предели локално има послаби врнежи од дожд. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Инаку најмногу дожд досега има наврнато во Претор и тоа 31 литар на [...]


by