ПОРАНЕТ “ЛЕТЕН АФРИКАНСКИ ТОПОЛ БРАН” ВО МАКЕДОНИЈА: Овој викенд ќе биде многу топол
За време на овој викенд и тоа под влијание на веќе долго најавуваната топла воздушна маса со потекло од Африка, времето во Македонија ќе биде сончево и невообичаено топло за овој период од годината и со летни температури на воздухот. Сепак ќе има и појава на мала локална облачност.
Ќе започне да дува јужен ветер, кој повремено ќе биде и засилен на интензитет (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).
Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 23 и 28 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата понекаде би можела да се искачи и до околу 30 степени.
Во Скопје и околината ќе имаме вистинско летно време на самиот крај од месец март. Сепак ќе засилува ветерот од јужен и од југоисточен правец. Температурата ќе се искачи до околу 26 степени.
Сепак поради изразеното јужно и југозападно воздушно струење, утре доаѓа и оној облак од прашина и песок од Сахара кој го најавивме, па така и Атмосферата ќе биде заматена, а времето ќе биде мачно и спарно.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија беше исклучително ладно, па така до 7 часот утринава најладно беше во Берово со измерени -9 степени, а највисока минимална температура во исто време беше измерено во Охрид, и тоа 1 степен над нулата и тоа поради облачноста која се задржа во овој дел од Македонија. Во продолжение на табелата можете да ги погледнете и [...]