ПОПУШТИ СТУДОТ ВО МАКЕДОНИЈА: Утринава измерена најниска температура од само -3 степени
Попушти студот во нашата Република Македонија. Утрово имаме претежно облачно време, додека во источните предели има слаби локални врнежи претежно од снег. Претежно е тивко времето и без некој изразен ветер. Такво времето ќе се задржи и во текот на денешниот ден, како и утре (вторник 25 февруари) со услови за слаби локални врнежи од дожд и од снег.

На табелата можете да ги погледнете температурите измерени по градови и места низ Македонија утринава до 7 часот, и тоа на мерните станици на УХМР.
Инаку, снежната покривка утрово изнесуваше 30 сантиметри на Попова Шапка и само 4 сантиметри во Маврово.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Облачно со релативно високи температурите е денешното утро во нашата Македонија а локално се бележат и послаби врнежи од дожд а само на високите планини во западните предели провејува снег. Најмногу дожд до 3 часот утрово има наврнато во Гевгелија и тоа 15 литри дожд. На првата метеоролошка карта можете да ги видите температурите измерени во овие утрински часови [...]


by