Попладнево во Македонија имаме топло, но нестабилно време!
Попладнево (3 април четврток) во нашата Република Македонија имаме релативно топло, но променливо и нестабилно време со локална појава на пороен дожд, засилување на ветер, а во западните предели локално има и појава на грмежи.

Најтопло попладнево до 14 часот беше на Скопје Петровец со измерени 20 степени. На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени во Македонија до 14 часот попладнево, како и наврнатиот воден талог во изминатите 6 часа, и тое на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by