Полека Македонија потпаѓа под влијание на циклонот од Џенова – Наскоро од запад започнуваат врнежи, а ќе дува и силен јужен ветер!
Денес (четврток) постепено од запад облачноста ќе се зголемува, и полека ќе потпаѓаме под влијание на циклонот кој е со центар над Џенова. Во ваква ситуација ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Во попладневните часови и во ноќните часови кон вторник во западните предели ќе има повремени локални врнежи од дожд. Во петок врнежите ќе се прошират во поголем дел од Македонија и ќе бидат пообилни, локално проследени со силен ветер, грмежи (локално во вид на невреме).
Што се однесува до температурите денес (четврток) максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени. Во Скопје максималната температура денес ќе се искачи до околу 28 степени. И во Скопје и околината повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Полека од север кон нашата Македонија пробива влажниот и ладен воздух, кој понатаму ќе условува кај нас врнежи од дожд, снег, северен ветер, како и зголемување и проширување на снежната покривка. На картата можете да ги погледнете измерените температури во овие рани утрински часови низ нашата Република Македонија.