Поларниот вртлог пристигна во Македонија – Веќе од вторник нова голема промена на времето и врнежи!
Денот недела ќе ни донесе многу студено утро кога температурите на многу места ќе се спуштат под нулата, со што во најголемиот дел од Македонија ќе се појави и првиот мраз за оваа сезона. Утринските температури ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 3 степени.
До понеделник ќе имаме стабилно време со многу повеќе сонце, а брзината на ветерот кој направи повеќе штети во Скопје и во Струмица и оштети возила значително ќе се намали.
Од вторник следува нова голема промена на времето, односно облачноста ќе се зголеми и кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започнат нови врнежи од дожд кој ќе бидат пообилни, а ќе продолжат и во деновите потоа, со што кон крајот на истата и понатаму е на видик големо заладување на времето кое ќе донесе врнежи од снег и на пониските места.
Од понеделник ќе имаме и повисоки температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, а и наутро тие ќе бидат над нулата.
Сепак на повисоките планини ќе има врнежи од снег, но снежната граница ќе биде на надморска височина одо колу 2000 метри или повеќе, но повремено ќе се спушта и под 2000 метри.
Во текот на следната седмица во целиот регион снежната граница ќе се спушти и во градовите, со што се поголеми се шансите за првиот снег за оваа сезона и на пониските места. Се на се, во следниот период на Балканот го очекуваат многу врнежи, што од дожд, што од снег а и снежната покривка нема да недостасува. Циклоните од запад и од северозапад ќе ни бидат многу честа појава во следниот подолг период.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Полека од север кон нашата Македонија пробива влажниот и ладен воздух, кој понатаму ќе условува кај нас врнежи од дожд, снег, северен ветер, како и зголемување и проширување на снежната покривка. На картата можете да ги погледнете измерените температури во овие рани утрински часови низ нашата Република Македонија.