Територијата наМакедонија се наоѓа под влијание на поларна воздушна маса од север. Во текот на денешното утро имаме МНОГУ НИСКИ температури на воздухот.
Најстудено утринава беше на Попова Шапка каде се измерени -17 степени, потоа во Маврово се измерени -12 степени, во Берово -10 степени, -9 во Пожаране, Претор и во Тополчани, -8 во Охрид и -7 во Крива Паланка и Битола.
На другите места температурите беа малку повисоки.
Студеното време продолжува и понатаму со температури кои наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу -10 степени и тоа особено до среда, понекаде истите се очекува да се спуштат до околу -15 степени.
Во северозападите високи планински предели температурите ќе се спуштаат и под -15 степени.
Од четврток ќе имаме сосема мало покачување на температурите, што значи дека и покрај ова студеното време ќе продолжи, особено наутро.
Ветерот од северен и од североисточен правец ќе го има но со послаб интензитет. Засилен северен ветер сеуште ќе дува утре и тоа особено Долж Повардарието.
Слично време, односно стабилно, суво и студено ќе имаме и во Скопје. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -6 и -5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 1 и 3 степени.
Во следните денови воздушниот притисок ЗНАЧИТЕЛНО ќе порасне и ќе изнесува околу па дури и над 1035 htp, што значи дека ќе бидеме под влијание на СИЛЕН Антициклон.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!