Покрај екстремно топлото време викендов, во попладневните часови во западните предели очекуваме локален пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме
Почитувани мои, покрај екстремно топлото време викендов и екстремно високите температури кои во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени, во Скопската котлина до околу 40, 41 степен, во попладневните часови очекуваме и делумна дестабилизација на атмосферата.
Во западните предели од државава викендов и тоа во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и појава на локално краткотрајно невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, краткотрајно силен ветер, но и со услови за појава на град.
Следете ја алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС” на следниот линк и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/
Може ќе ве интересира
Занимливости
Камчатка, Русија – Ситуацијата со снегот во рускиот регион Камчатка оваа зима е оценета како екстремна, откако рекордни снежни врнежи целосно ги затрупаа градовите и населбите. На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии на кои се гледаат згради закопани до прозорците, улици претворени во снежни тунели и автомобили кои едвај се забележуваат под дебели слоеви снег. Камчатка буквално [...]
Занимливости / Прогноза / Свет


by