ПОКРАЈ ОПАСНОСТА ОД ПОПЛАВИ – РЕГИОНОТ ЌЕ ГО ПОГОДИ И СНЕЖНА БУРА ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ И ВО ПОЧЕТОК ОД СЛЕДНАТА СЕДМИЦА! – МОЌНИОТ ЦИКЛОН ДОАЃА И ВО МАКЕДОНИЈА!
Моќниот циклон кој за време на викендот ќе го погоди целиот Балкански Полуостров, ќе донесе ОПАСНОСТ од локални ПОПЛАВИ.
Со продорот на МНОГУ ПОСТУДЕН воздух од Арктикот, во речиси сите земји од регионот се очекува и СНЕГ кој во планинските места ќе достигне висина дури и повеќе од 20-30 цм.
Во Алпскиот регион се очекува снежна покривка дури и од повеќе од 100 цм.
Во продолжение погледнете ја целата метео анализа на Славчо Попоски:
ВОНРЕДНА НАЈАВА! Вистинска снежна БУРА доаѓа за време на викендот, како и во почетокот од следната седмица во регионот. Интензивни врнежи најпрвин од дожд и можни се локални ПОПЛАВИ а потоа со продорот на МНОГУ ПОСТУДЕН воздух од север снег ќе има во поголемн дел од Балканскиот Полуостров. Понекаде и тоа особено во планинските предели се очекува дури повеќе од 20-30 цм нов снег. Во Алпскиот регион се очекува нов снег дури и повеќе од 100 цм. Се работи за МОЌЕН ЦИКЛОНСКИ СИСТЕМ и истиот ќе ја зафати и Македонија за време на викендот и во почетокот од следната седмица. Можни се локални ПОПЛАВУВАЊА и во Македонија а се очекува и СИЛЕН ветер во цел регион, како и во Македонија. Токму поради ваквата состојба ПРЕПОРАЧУВАМЕ КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ! Понатаму следуваат нови и детални информации околу овој моќен циклон.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]