Погледнете ги температурите низ Македонија измерени претпладнево во 11 часот – Попладнево локален пороен дожд, грмежи и ветер!

УХМР ги измери температурите до 11 часот претпладнево, па така најсвежо од градовите беше во Крушево со измерени 13 степени, додека во Гевгелија беше најтопло со измерена температура од 24 степени.

На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени до 11 часот во Македонија и тоа на мерните станици на УХМР.

Инаку до крајот на денов ќе имаме променливо време во Македонија, а попладнево особено во севената половина од државава ќе има повремен локален дожд, локално пороен и проследен со грмежи како и со засилување на ветерот.

И во делови од Скопскиот регион попладнево ќе има услови за локален дожд, проследен со локална појава на грмежи и засилување на ветерот.

Температурите денес во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени, додека во Скопје денес температурата ќе се искачи до околу 22 степени.

 







Занимливости

  • 16 Ное 2025

    Поради интензивните врнежи од дожд и силните ветрови што ја погодија Лигурија, во тој италијански регион беа регистрирани околу 252 интервенции на пожарникари. Најголем број интервенции имаше во Џенова, каде што врнежите достигнаа 95 мм за 12 часа. Прогнозите предвидуваат понатамошно влошување на временските услови, со повеќе врнежи во наредните часови, објавува RAI Uno. Во областа Алта Версили, во [...]