ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Во склоп со екстремно високите температури, доаѓа силно невреме и во Македонија
Екстремно топлото време во Македонија ќе продолжи и овој викенд, па така и температурите ќе бидат без поголеми промени во одност на оние кои ги имавме до вчера. Токму поради ова, апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно во периодот од 11 до 17 часот, но и да пијат што повеќе течности.
Сепак од друга страна, од денес попладне нашата територија полека ќе подпаѓа под влијание на веќе споменатиот висински циклон кој се разви над Средоземјето. Во овие околности, денес доцна попладне и навечер можна е изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, силен ветер и со услови за појава на покрупен град кој би можел да биде со пречник од 2 cм па дури и покрупен.
На повеќе места нестабилно ќе биде утре попладне и навечер и со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата, токму поради повеќе дневниот екстремно топол бран од Африка, локално и на повеќе места процесите ќе бидат во форма на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на крупен град со пречник од 2 cм па дури и покрупен од 2 cм.
Апелираме во случај на појава на силно невреме, граѓаните да бидат крајно внимателни и да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на крупен град автомобилите да се заштитат.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (четврток 17 април) повторно во нашата Македонија помина во знакот на многу мачнен и спарен ден, со присуство на Сахарска прашина и песок во воздухот. Сепак, денес беше и значително потопло за разлика од изминатите денови, па така, до 17 часот попладнево во Струмица е измерена максимална температура од 27 степени. На табелата можете да ги погледнете [...]