ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Снежна Арктичка бомба ќе ја зафати целата територија на Македонија овој викенд!

Ни остануваат уште два дена да уживаме во релативно пријатното и релативно суво време.

Веќе за време на овој викенд спуштањето на поларниот воздух од Арктикот кон нашите краишта ќе придонесе за формирање на силен снежен циклон над Средоземјето, па така врнежите кои ќе ги имаме во сабота, попладнето и вечерта насекаде ќе преминуваат во врнежи од снег.

За време на викендот во најголем дел од Македонија ќе се формира снежна покривка (во градовите од 10 до 20 сантиметри, понекаде и до 30 сантиметри, а на планините и на Скијачките центри таа ќе биде околу, понекаде и над 50 сантиметри).

Снег и помала снежна покривка очекува и Скопската котлина, а на околните планини таа ќе биде поголема.

Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец, а температурите значително ќе опаднат и ќе бидат како среде зима, а не како за крај на месец ноември.

Особено студено утро ќе имаме во понеделник и тогаш температурата понекаде ќе се спушти дури и под -10 степени. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 4 степени.

НАПОМЕНА: Македонија пат да не бидат повторно изненадени поради очекуваниот снежен бран, кој одамна го најавивме и е пренесен во јавноста.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости