ПОДГОТВЕТЕ СЕ: ОВОЈ ВИКЕНД ДОАЃА НОВО СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА – ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД ЛОКАЛНА ПОЈАВА НА КРУПЕН ГРАД!

Под влијание на нова ГОЛЕМА влажна и нестабилна воздушна маса од запад и од северозапад, за време на овој викенд повторно на многу места низ Македонија ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНО со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради ГОЛЕМАТА енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на ПОИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, големо количество на воден талог за кратко време кое може да услови локални поплави, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град и истиот може да биде КРУПЕН, и може да создаде нови штети, особено врз земјоделието, затоа истото со време заштитете го.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на СИЛНО НЕВРЕМЕ, како и на силни електрични празнења, апелираме да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Во Скопје  иоколината исто така можна е појава на локално НЕВРЕМЕ, но и локални ПОПЛАВУВАЊА.

Температурите нема да се менуваат од оние кои ги имаме сега и остануваат типични за овој период од годината (не се очекуваат екстремно високи температури).

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!








Занимливости

  • 10 Јул 2025

    По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]