Под влијание на ГОЛЕМА влажна и нестабилна воздушна маса од запад, до крајот на денов и вечерва повторно на многу места низ Македонија ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради ГОЛЕМАТА енергија во Атмосферата, локално повторно ќе има појава на ПОИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, ГОЛЕМО количество на воден талог за кратко време, силен ветер, електрични празнења, како и со појава на град и истиот повторно локално би можел да биде ПОКРУПЕН и да направи штети.
Апелираме и тоа поради очекуваните нови интензивни врнежи, дека постои опасност од нови локални поплави, а во случај на појава на силни електрични празнења граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ, и да не претстојуваат на отворен простор, како и под осамени дрвја.
И во Скопје и околината до крајот на денов е можно локално НЕВРЕМЕ, како и поплавувања.
Постабилно време ќе имаме од утре, но колку ќе се задржи истото останува да видиме што ќе кажат понатамошните анализирања на времето.
Екстремно топло време нема да имаме, температурите ќе бидат нормално високи за овој период од годината и во следните денови тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. Во Скопје таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 28 и 29 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!