Почеток на нов топол бран во Македонија, измерени се максимални 37 степени!
Денешниот ден (недела 13 јули) во нашата Република Македонија помина во знакот на стабилно, суво и повторно топло време, со почеток на нов топол бран од Африка, но овој пат топлотниот бран е со по умерен интензитет за разлика од изминатиот кој беше многу топол и донесе многу високи температури на воздухот, над 40 степени.

На табелата можете да ги видите денешните максимални температури измерени по градови и места во Македонија, до 17 часот попладнево и тоа на мерните станици на УХМР.
Може да се види дека температурите речиси насекаде денес надминаа 30 степени, а во Повардарието тие на повеќе места се искачија до максимални 37 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Она што е најново на прогностичките материјали е тоа дека од 13 Јуни 2026 на Балканот и во Македонија е на повидок голема температурна аномалија и голем пад на температурите, невообичаен за месец јуни. Покрај ова би имале и пообилни врнежи и типично есеонско време во јуни, кога веќе е започнато и климатолошкото лето.
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза


by